Нови апарати во кумановската болница

12.02.2014 11:12

Со новата опрема во болницата веќе се изведуваат и комплицирани хирушки интервенции за разлика од порано кога пацинетите беа упатувани во Скопје...

Со новиот лапроскопски апарат во кумановската болница значително се олеснуваат хирушките интервенции, а пацинетите побрзо закрепнуваат и им се скратува болничкото лекување. Кумановските хирурзи се обучени од страна на еминентни професори на скопските клиники и секојдневно се вршат операции со лапроскопска метода.
 
Ова метода е многу подобра за пациентите, затоа што наместо да лежи од 7 до 10 дена во болница, сега се отпушта следниот ден после операција. Веднаш е подвижен, за брзо време закрепнува и нема лузни. Ендоскопската метода пак нема цена, затоа што пациентите не носат ниту катетар, ниту кеси. Порано повозрасните се срамеа од самите себе, сега веќе тоа е минато“ вели д-р Методија Димковски, началник на хирургија Куманово.
 
Со новата опрема во болницата веќе се изведуваат и комплицирани хирушки интервенции за разлика од порано кога пацинетите беа упатувани во Скопје. Од сега натаму нема да прават дополнителни трошоци и да губат време.
 
„Условите во болницата се подобрени, персоналот е професионален. Најважно е што опрацијата помина одлично, задоволен сум и веќе за два дена ќе може да си одам дома“, изјави еден од оперираните пациенти на кумановска хирургија.
 
Апаратот е донација од Министерството за здравство, при што општата болница со сопствени средства набави додатна опрема, како и ендоскопски апарат кој го користи одделението за урологија. вели директорот Ариф Љативи.
 
Сето ова го правиме со цел да им обезбедиме квалитетно здравство на нашите согрѓани. Со набавка на опрема, квалитетен кадар се трудиме да створиме услови сите услуги да можат да ги добијат тука во нашата болница, додава тој.                           
Минатата година биле извршени 1150 или месечно по сто операции. Според најавите наскоро се очекува и средување на просторот каде што се вршат итни хируршки прегледи.
 
Габриела Димковиќ