ТМРО бара поддршка за правата на Македонците во Албанија
12.02.2014 11:17
ТМРО бара враќање на старата територијална организација во Македонија, ако соседна Албанија ја укине општината Пустец...

Укинување на општината Пустец во соседна Албанија и нејзино припојување кон општината Полени, која е населена само со Албанци ќе значи отворен напад кон Македонците и македонските национални интереси, велат во ТМРО. Затоа, партијата бара и враќање на старата територијална организација во Македонија.
„Доколку Албанија ја укине општина Пустец, каде што живеат Македонци, ние треба да ја вратиме старата територијална организација од пред 2004 година за да си ги вратиме старите граници на Чаир, Струга, Кичево, но и да формираме македонски општини во Тетово и во Гостивар“, пишува во соопштението.
Партијата очекува македонската влада цврсто да застане зад интересите на Македонците во Албанија преку дипломатски притисок врз Албанија, ОБСЕ, ЕУ и САД.
„Колкави ќе бидат правата на Македонците во Албанија, толкави ќе бидат и правата на Албанците во Македонија“, соопштува ТМРО.
