Вреднување на постигнатото во седиштето на НАТО

12.02.2014 11:29

Состанокот претставува можност да се разменат мислења со амбасадорите на земјит- членки на НАТО за остварениот напредок во процесот на евроатлантска интеграција ...

Mакедонска делегација предводена од Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски,  придружен од Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски ќе учествува на состанокот на Северно – Атлантскиот Совет на НАТО со Република Македонија, што ќе се одржи денеска, во седиштето на НАТО во Брисел. Со состанокот ќе претседава Генералниот Секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.

Состанокот претставува можност да се разменат мислења со амбасадорите на земјит- членки на НАТО за остварениот напредок во процесот на евроатлантска интеграција на Република Македонија во рамки на Акциониот план за членство, како и за политичко-безбедносните прашања од заеднички интерес, во пресрет на Самитот на НАТО, што ќе се одржи од 4-5 септември, во Кардиф, Велика Британија.