Заканувачка порака во основно во Тетово
12.02.2014 12:46
Според првичните полициски информации денеска во 11 часот и 40 мининути во тетовската полиција било пријавено од одговорните во ОУ „Братство Миѓени“ во Тетово...

Според првичните полициски информации денеска во 11 часот и 40 мининути во тетовската полиција било пријавено од одговорните во ОУ „Братство Миѓени“ во Тетово, дека на повеќе вработени истовремено им пристигнала електронска порака со заканувачка содржина.
Во неа пишувало дека доколку за кратко време не го напуштат училиштето, ќе се случи нешто многу лошо- дека ќе експлодира бомба, ако не однесат на одредено место пари.
Учениците биле веднаш евакуирани, а полицијата и другите надлежни служби се во училиштето и ја истражуваат состојбата.
Зоран Јовановски
