Судење Јанкулоска – Шилегов

12.02.2014 12:01

Во Основниот суд Скопје 2 судски процес за клевета што го покренаминистерката Јанкулоска против портпаролот на СДСМ Шилегов.

На главната расправа даде исказ тужениот Шилегов,а беа презентирании доказитепреку пишаните текстови од прес- конференциите на СДСМ, но реакциите и демантите од Јанкулоска како тужител.Отфрлајќи ја тужбата како неоснована,Шилегов се бранеше дека изнесеното го кажувал како портпарол на СДСМ, а не во лично име.

-Секој што излегува во јавност треба да стои зад својот исказ и да одговара за него и вистинитоста на тврдењата, реагираше министерката Јанкулоска. Јавниот настап на Шилегов надвор од судницата е уште еден обид да се изврши притисок врз судот. Јас го почитувам судот и верувам дека е компетентен и правичен и нема да си дозволам на никаков начин, надвор од судницата, да се мешам во неговото одлучување се до донесувањето на пресудата, се вели во реакцијата на Јанкулоска.

Јанкулоска тужбата ја поднесе поради изнесените ставови на опозицискиот СДСМ,во неколку наврати, за нејзината имотна состојба.Адвокатите се согласија завршните зборови да ги дадат во писмена форма во рок од осум дена. Пресудата треба да биде донесена на 28-ми овој месец.