Три светители, празник на прилепските бакали

12.02.2014 12:25

Тие три светители се всушност трите најголеми ревнители, поборници на православието и големи црковни великани: Св. Василиј Велики, Св. Јован Златоуст и Св. Григориј Богослов...

Денеска светата православна црква го празнува споменот на трите ерарси кои се кај нас познати како три светители. Тие три светители се всушност трите најголеми ревнители, поборници на православието и големи црковни великани: Св. Василиј Велики, Св. Јован Златоуст и Св. Григориј Богослов.

Воедно Светите три светители се патрони на бакалскиот еснаф во Прилеп,  па по тој повод во  соборниот храм Св. Благовештение  се отслужи света архиерејска литургија на која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква, господин господин Стефан. 

На литургијатата присуствуваше и градоначалникот на Прилеп  Марјан Ристески, како и претседателот на Советот  Никола Димески кои беа поканети и од прилепските бакали.

Ова убаво традиционално одбележување на овој верски празник ја симболизира сплотеноста на еснафот кој редовно организира  и заеднички ручек, а присуството на градоначалникот Марјан Ристески ја потврдува неговата безрезервна поддршка на традицијата, верата и православните обичаи.