„Лудак Ретардиран“ пријавил бомба во тетовското училиште

12.02.2014 14:01

Истрагата на полицијата заврши, а утврдено е дека во зградата нема бомба...

Нема бомба во тетовското основно училиште „Братство Миѓени“, покажа истрагата на полицијата.

Корисник на електронска пошта под името „Лудак Ретардиран“ денеска околу 11 часот на повеќе вработени во тетовското училиште им испратил групна електронска порака со заканувачка содржина.

Во неа пишувало дека доколку за кратко време не го напуштат училиштето, ќе се случи нешто многу лошо- ќе експлодира бомба.  Лицето преку пораката побарало 100 илјади денари да се достават на одредено место.

Учениците биле веднаш евакуирани, а вработените  во 11 часот и 40 минути го пријавиле случајот во полиција.

Истрагата на полицијата заврши, а утврдено е дека во зградата нема бомба.

Наставата во „Братство Миѓени“ продолжува утре. 

 

Зоран Јовановски