„Ореше“ по четврти пат на суд

12.02.2014 14:12

Само што почна главниот претрес во случајот „Ореше“, бранителите на второобвинетите, браќата Ордан и Љубчо Ѓеоргиевски...

По четврти пат во основниот суид во Велес почна судењето за платеното убиство на 74 годишниот Лазо Милошевски од велешкото село Ореше. Барањето на одбраната за иземање на водечката судијка и член на Судскиот совет е причина главниот претрес да биде презакажан за први април.
 
Само што почна главниот претрес во случајот „Ореше“, бранителите на второобвинетите, браќата Ордан и Љубчо Ѓеоргиевски побараа иземање на судијката која го води предметот и челнот на Судскиот совет. Адвокатот Давидовиќ објаснува двете судијки  постапувале  во претходните кривични постапки, и не може да постапуваат во судечкиот предмет.
 
„Претседателот на судскиот совет и членот веќе учествувале во овој предмет во Кривичниот совет, како претседатели на Кривичен совет, едниот судија пет пати другиот еднаш, донеле одлуки за продолжување на мерката притвор спрема обвинетите“, рече  Звонко Давидовиќ, бранител  на второобвинетите.
 
Додека обвинителството смета дека барањето на одбраната е само обид за одолговлекување на предметот кој во судот во Велес се води од 2008 година, одбраната на првообвинетиот Ѓоре Петревски е децидна,  дека се бара само почитување на правото.
 
„Очекувам навистина овој пат да завладеат  основните начела на законот за кривична постапка, а тоа е легалитетот, законитост, објективност и непристрасност на судор“, рече Ангел Ѓоргиев, бранител на првообвинетиот.
 
За случајот „Ореше“ во основниот суд во Велес, водени се три постапки.  Двапати судијата Танев ги прогласуваше второобвинетите за виновни и изрекуваше казна затвор од по 12 години.
 
Третиот пат, откако  заштитениот сведок јавно проговори и го промени својот исказ, судијата Танев пресуди ослободителна пресуда. Овој предмет сега во води нов Судски совет бидејки претходниот водечки судија, обвинителот, истражниот судија , адвокати и новинар поради  злоупотреба  на службената должност и земање поткуп во процеот „Ликвидација“ се осудени  на казна затвор.
 
Во декември 2005 година во својот дом беше убиен 74 годишниот Лазо Милошевски. Три години потоа започна судењето. Следното рочиште судиката Милевска го закажа за први април.
 
 
 
Дијана Иванова