Животот на една пензионерка

12.02.2014 15:11

„Прво на пазар, да се завршат домашните обврски, па потоа слободно време за дружба“, вели Милка Цикарска...

Откако и завршил работниот век, Милка Цикарска почнала да го гледа животот од утро до вечер.

Веќе 10 години е пензионерка. Вели и за третата доба требаат пари да се живее достоинствено. Секој денар зголемување е добредојден.

„Немам некои големи барања како пензионер, се трудам со поголем дел од пензијата да помогнам на децата, да им дадам на внуците, а и да платам некоја сметка“, пензионерката Милка Цикарска.

Им забележува на своите врсници што се предаваат и што се жалат, па така не се добар пример за внуците и за децата. Животот понекогаш знае да биде многу суров, но не треба да се пропуштат и малите нешта за радост.

„Како мали деца се радувавме кога се качивме на жичницата горе. Бенефитите што ни ги дава државата, секој ги користи како умее. Не треба само да се жалиме“, додава таа.

Знае дека до 15-ти февруари трае огласот за бањско-климатска рекреација, но нема да аплицира, на шега вели дека е уште млада за во бања.

 

Наташа Јанчиќ