Подобри услови во Здравствен дом- Пехчево

12.02.2014 15:50

Министерот за здравство Никола Тодоров го посети Здравствениот дом во Пехчево за да провери како функционираат по ланските инвестиции...

„Во Здравствениот дом во Пехчево има поефикасна здравствена заштита откако минатата година доби современи медицински апарати  во вредност од 2,5 милиони денари, а беше реконструиран покривот кој чинеше 1,1 милион денари“, изјави министерот за здравство Никола Тодоров при денешната посета на установата за да направи увид во состојбата.

Ехоколор доплерот, трите ЕКГ апарати, биохемискиот и електролитниот  анализатор, мамографот и другите дијагностички апарати им олеснуваат и на пациентите и на докторите, зашто порано пациентите се препраќаа во други градови.

Директорката на Здравствениот дом, д-р Драгица Апостолова го информирала министерот дека многу од проблемите се надминати, а најважно од се е што наскоро ќе добијат педијатар. Заинтересиран бил кандидат од Скопје. Докторите  од Здравствениот дом во Пехчево се задоволни што ќе имаат можност за специјализација.


Соња Стојановска