ВМРО-ДПМНЕ продолжува да обвинува за аферата „Паркинг“

12.02.2014 15:57

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да обвинува за аферата „Паркинг“.

Да се обелоденат паркинг-бизнисот во Куманово и двата договора склучени со Јавното претпријатие Куманово-Паркинг, побара владејачката ВМРО-ДПМНЕ од  потпретседателот на СДСМ Манчевски и од кумановскиот градоначалник Дамјановски. Според Димовски,добивањето функции во СДСМ секогаш има некаква заднина.

Дамјан Манчевски како сопственик и Зоран Дамјановски - Циц како градоначалник и еден од присутните кога е потпишан договорот со Метропаркинг  ДОО од Белград, конечно треба да излезат пред јавноста и да ја прифатат политичката одговорност, бидејќи тоа го бараат нивните функции, но и граѓаните. Потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски и градоначалникот на Куманово не треба да се расправаат и да се правдаат со ВМРО-ДПМНЕ, туку овој скандал треба да им го објаснат на граѓаните затоа што на крајот, сепак, тие го даваат најдобриот суд, рече Илија Димовски – член на ИК ВМРО-ДПМНЕ и директор на Центарот за комуникации.

Манчевски вели дека нема што да крие и пред новинарите ги покажа двата договора склучени меѓу Куманово паркинг и белградската и скопската фирма со исто име Метропаркингплус.

Ова пак се годишните биланси на Метропаркингплус ДОО Скопје. Од нив се гледа дека вкупниот приход на фирмата за три години изнесува 2.300.384 денари или 37.403 евра. Значи, нема 20.000.000 денари, нема 400.000 евра. Има за плата на двајца вработени и толку, изјави Дамјан Манчевски – потпретседател на СДСМ

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека Манчевски не е во политиката и во СДСМ од вчера, туку е близок човек на Шеќеринска, а порано ја извршуваше и функцијата потпретседател на подмладокот на СДСМ.

Наташа Гркова –Петрушевска