Расмусен му заблагодари на Груевски за силниот придонес во НАТО операциите

12.02.2014 16:13

Генералниот секретар Расмусен и премиерот Груевски разговара за важните реформи во кој е вклучен и секторот одбрана...

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен го прими премиерот Никола Груевски во генералниот штаб на Алијансата, каде што имаше средба и со Северно- атланскиот совет, при што Расмусен ја нагласи одличната соработка меѓу НАТО и Македонија.
 
„Ние високо го цениме вашиот придонес во ИСАФ и што ни помагате во комуникацијата за КФОР во Косово. Со тоа силно придонесувате за меѓуанродната безбедност“, изјави Расмусен на прес конференцијата, стои во соопштението на официјалната интернет страница на НАТО.
 
Генералниот секретар Расмусен и премиерот Груевски разговара за важните реформи во кој е вклучен и секторот одбрана.
 
„Демократските индституции, политичкиот дијалог и слободата на медиумите се важни во приближувањето на евро-атланските интеграции“, истакна Расмусен и посочи на посочи на големата посветеност на Македонија во процесот на пристап кон НАТО алијансата.
 
„Ние сме согласни да и се приклучите на Алијансата во моментот кога ќе биде постигнато заедничко прифатливо решение за името. Ги поддржуваме вашите заложби и ќе продолжиме да работиме со вас“, нагласи Расмусен.
 
Премиерот Груевски на прес- конференцијата потенцирал дека местото на Македонија е во НАТО, што се заклучува и во Хашката пресуда за спорот меѓу Македонија и Грција, која покажала дека Атина ја прекршила времената спогодба меѓу двете земји и со тоа го блокирала членството на Македонија во Алијансата.