Добредојдена руската поддршка за Македонската Црква
Македонската Православна Црква очекува Руската православна црква да даде придонес во решавањето на деценискиот спор со Српската православна црква. Поддршата е добредојдена вели поглаварот на, г.г Стефан.

Тој ја поздравува средбата на претседателот Ѓорге Иванов со московскиот патријарх г. г. Кирил.
- Руската црква е најбројната православна црква. Но прашањето на нашата црква треба да го прифатат, односно да го решат сите православни цркви. Но, подршката што доаѓа од Црква како руската секако е добредојдена, вели г.г Стефан.
За архиепископот охридски и македонски, Македонска православна црква и Охридска архиепископшија е едно и исто. Тие се неодвоиви – како што се Пеќската патријаршија и СПЦ, или мосховскиот патријархат и Руската црква.
- Оној што ја признава МПЦ, всушност ја признава Охридската архиепископија и обратно. Проблемот што се актуелизира е изнаоѓање место на Македонската Православна Црква во сеправославната заедница. Тоа е најбитно, вели поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.
Поглаварот Стефан признава дека досега нема никаков одговор од Српската црква на сите наши настојувања да се разговара.
Но, очекуваме да се случи, зашто вака не е добро и не прилега на православни цркви, вели г.г Стефан
Нашата црква е подготвена за разговори.
Елизабета Митреска
