Националната ЕУ стратегија пред собраниските тела
ЕУ обврските базирани на последниот извештај од Брисел пред матичните собраниски тела . Во националната стратегија напишана на 1000 страници според Вицепремиерот за евроинтеграции Бесими има една клучна разлика споредено со ЕУ агендатата во изминативе години
Оваа година 80% од обврските се за имплементација на законите а 20% за носење на регулатива -Фатмир Бесими - вицепремиер за евроинтеграции
Добра страна на текстот според Шеќеринска е што , за првпат во него се наведени буџетските средства и ресурсите потребни за спроведување на обврските . Критики за динамиката во носењето на законите и преводите на европската регулатива .
Европската регулатива е на околу 36000 страници ако продолжиме со ова темпо за 40 гидини ќе ги исполниме условите - Радмила Шеќеринска Претседател на советот за евроинтеграции
Според Бонева , Македонија и во изборна година реализира добар дел од обврските
И европратениците кажаа дека дел од членките на ЕУ се зад Македонија во исполнувањето на економските и политичките критериуми - Силвана Бонева пратеник ВМРО-ДПМНЕ ,
За универзитетскиот професор мирчев програмата ,не го усогласува различниот ритам во работењето на одделните министерства ,но забелешки и за работата на Секретаријатот за европски прашања
Никаде не видов каква е улогата на секретаријатот во Еу агендата - Димитар Мирчев универзитетски професор
По петте позитивни извештаи , според пратеникот Трајанов во собранието треба да се отвори дијалог за вистинската тема - блокадата поради проблемот со името .
