Дератизација на градинки во Прилеп
12.02.2014 18:07
Овие кутиии без асистенција на стручни лица неможат ниту да се отворат.
Нема никакви шанси дечињата во градинките да дојдат во допир со средствата со кои се врши дератизација и дезинфекција во овие објекти. Ова го тврдат стручните лица од Центарот за јавно здравје кои ги опслужуваат не само овие туку и другите институции каде се чува храна. Дератизацијата ја прават со поставување на мамци за глодарите во објектот и во канализацијата околу него.
„ Дератизацијата во внатрешноста ја извршуваме преку поставување на мамечки кутии, кои се поставуваат во текот на викендите, во петок после пладне и понеделник наутро се вадат, пред децата да почнат со настава“, вели Гоце Ингилизов, директор на Центар за Јавно здравје Прилеп.
Во деновите пак кога децата учат има поставено мамечки кутии во магацинските простории, но во нив нема отров туку лепак за глодари. Од градинките велат дека најмалку два пати годишно се врши дератизација никогаш немало случај на труење на децата.
-„Мамечките кутии се херметички затворени, направени се според сите ХАСАП стандарди и во последно време заради поголема заштита на децата не се ни ставаат отрови туку ленти за лепење на глодарите“, кажа Христина Трпческа, директор на ЈОУ “Наша иднина“.
И дезинфекцијата и дезинсекцијата, како и дератизацијата се прават во викендите кога во градинките нема дечиња, за да може во понеделникот просториите да се чисти.
Од ЈОУ „Наша иднина“ во Прилеп велат дека некогаш просториите се дезинфицираат и по 4 пати во текот на денот, и тоа со такви средства кои не претставуваат никаква опасност за дечињата затоа што тие испаруваат по 15 минути откако ќе се нанесат на предметите.
После случајот во Штип каде родителите се сомневаа дека нивното дете лапнало отров за глувци, експертите апелираат до родителите дека шансите за тоа се минимални и дека тие не треба да се сомневаат за стручносто на лицата кои работат во градинките.
