18 милиони евра субвенции за наводнување
13.02.2014 08:55
За рехабилитација, санација и изградба на нови сисиеми за наводнување годинава министерството за земјоделство ќе одвои 18 милиони евра. Загубите на водата и честите дефекти постепено ќе се решаваат .

Застарените цевководи од хидросистемите често имаат дефекти и предизвикуваат поплави и штети на земјоделските површини. Непотребната загуба на водата годинава ќе се отстранува со 18 милиони евра од програмата за рурален развој.
Финансиската поддршка се однесува за водостопанствата и јавните претпријатија што ја дистрибуираат вода преку системите за наводнување, а индиректна корист ќе имаат и земјоделците.
Приоритетите се според потребите на претпријатијата и хидро системите.
Првиот проект ќе се реализира во општина Битола, во Логоварди за заменување на цевките со нови за што се обезбедени 15 милиони денари.
Методија Трајков
