Ристовски во обиколка на охридско-струшкиот регион

13.02.2014 09:12

Министерот за образование и наука, Спиро Ристовски денеска е во работна посета на охридско-струшкиот регион.
 
Според агендата тој во општина Струга ќе го посети основно училиште „Единство“ во с. Октиси, а потоа во општина Охрид основното училиште „Живко Чинго“ во с. Велгошти.
 
Попладнето ќе ја посети касарната „Генерал Михајло Апостолски“, каде што дел од објектите ќе бидат преадаптирани за потребите на Универзитет за информатички науки и технологии – „Св. Апостол Павле“, Охрид.