Малолетник осомничен за заканувачката порака во тетовското училиште
Неговиот компјутер е одземен за понатамошно вештачење...

Поранешен ученик во основното училиште „Братство Миѓени“, малолетник од Тетово е осомничен дека а испратил заканувачката порака за поставена бомба во дворот на училиштето, соопшти синоќа портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Неговиот компјутер е одземен за понатамошно вештачење, а за дорасветлување на мотивите и намерите на момчето за испраќање на пораката ќе биде разговарано и со него во присуство на неговите родители и претставници од Центарот за социјални работи.
Во пораката што тој ја испратил до десеттина наставници од училиштето стоело дека има поставено бомба што ќе биде активирана доколку многу скоро не бидат оставени 100 илјади денари покрај дрво на влезот во училиштето кај спортскиот центар.
Веднаш откако ја забележале пораката наставниците ги извадија учениците надвор од училиштето на спротивната страна на улицата, а полицијата по неколкучасовни претраги утврди дека нема никаква бомба во објектот и дека станува збор за лажна тревога.
