Пејнтер- НАТО треба да се срами од политиката кон Македонија

13.02.2014 11:56

Според неа спорот за името е билатерално прашање што не би требало да се поставува за проширувањето на Алијансата...

Македонија останува најдобро подготвена за прием во НАТО, и тоа треба да се случи на самитот во Британија, согласно пресудата на Меѓународниот суд на правдата, оценува Сали Пејнтер, директор во консултантската куќа Блу Стар Стратеџис во Вашингтон, која советувала поголем број европски држави за приемот во НАТО.

„Моментално Македонија ги има исполнето сите неопходни критериуми за членство во НАТО и се надевам дека земјите-членки ќе бидат конструктивни во врска со приемот на Македонија и че гласаат позитивно”, вели Пејнтер во интервју за МИА.
 
Според неа спорот за името е билатерално прашање што не би требало да се поставува за проширувањето на Алијансата, и треба да се регулира од Меѓународното право.

„Пресудата на Меѓународниот Суд на правдата (МСП)  како водечки судски орган на ОН треба да се почитува. И други земји како САД и Италија ги почетувале пресудите на МСП  кои не биле во нивна полза како во случаите поврзани со кршењето на Виенската Конвенција. Дали ќе им дозволиме на Грците да покажат непочитување кон НАТО поради Македонија?Организација како НАТО треба да се срами од тоа што не дозволува  прием на квалификуван , посветен партнер само поради изолиран спор кој се однесува само на една членка на Алијансата“, вели Пејнтер. 
 
Во пресрет на самитот кој ќе се одржи во септември во британскиот град Њупорт, Македонија доби поддршка од 40 конгресмени и некои од највлијателните американски сенатори за приемот во НАТО.