Пратениците Ѓорчев и Павловска-Данева на Парламентарното собрание на ОБСЕ

13.02.2014 12:00

Специјалната дебата на оваа сесија ќе биде Подемот на екстремизмот, радикализмот и ксенофобијата: предизвици за регионот на ОБСЕ...

Пратениците Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ и Ана Павловска-Данева од СДСМ, денеска и утре  учествуваат на Зимската сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Виена.  Како што соопшти собраниската прес-служба, во агендата на ова заседание на трите генерални комитети на ПС на ОБСЕ ќе се разгледуваат актуелните настани во ОБСЕ, и ќе биде дискутирано за Парламентарната контрола на вооружените и безбедносните сили: обезбедување на транспарентност на национално и меѓународно ниво, соработката во управување со води во просторот на ОБСЕ,владеење на правото во просторот на ОБСЕ и за претстојната годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ што ќе се одржи од 28 јуни до 2 јули годинава  во Баку.
 
Специјалната дебата на оваа сесија ќе биде Подемот на екстремизмот, радикализмот и ксенофобијата: предизвици за регионот на ОБСЕ.
 
На учесниците на оваа сесија со поздравни говори ќе им се обрати Ранко Кривокапиќ, претседател на ПС на ОБСЕ, Барбара Прамер, претседател на австрискиот парламент, и генералниот секретар на ОБСЕ амбасадорот Ламберто Заниери. 
 
Лидија Чакар