Европратениците Ховит и Свобода во посета на Македонија
Вицепремиерот Фатмир Бесими се сретна со европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит...

Вицепремиерот Фатмир Бесими се сретна со европратеникот и известувач за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит. Тој имаше и неформална средба со вработените на Секретаријатот, а потоа на агендата на Ховит е заедничка средба и дискусија на вицепремиерот Бесими и европратеникот Ховит со студентите од универзитетите во Република Македонија.
Известувачот на Европарламентот за Македонија утре ќе учествува и на конференцијата „Демократијата, владеењето на правото и слободата медиумите – клучни критериуми во напредокот кон Европската унија”, каде заедно со австрискиот европратеник Ханес Свобода ќе говорат на овие теми и нивното значење за Македонија.
Лидија Чакар
