Ховит: Венизелос е шанса за напредок
Ховит посакува да се изнајде решение за името и смета дека тоа прашање може да се реши и покрај постоечката атмосфера во Македонија и Грција...

Во интерес на ЕУ е оваа земја да ни се приклучи, јас сум ентузијаст дека може да се постигне прогрес. Ова пред студентите од повеќе универзитети од земјава го истакна известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит, негирајќи дека македонците би биле граѓани од втор ред во унијата. Тој одговарајќи на нивни прашања директно порача
„Важно е оваа земја да постигне напредок, пред се политички дијалог со другите влади на ЕУ вклучително и соседните влади. Се надевам дека посетата на грчкиот министер за надворешни работи е голема шанса во обид да се постигне некаков напредок. Но има многу прашања кои се во контрола на организациите на оваа земја и на граѓаните. И доколку оваа земја постигне напредок тој ќе биде уште по видлив надвор од неа“, рече Ховит.
Ховит посакува да се изнајде решение за името и смета дека тоа прашање може да се реши и покрај постоечката атмосфера во Македонија и Грција.
Известувачот за Македонија задоволен е од законското решение за медиумите особено што потврда даде и ОБСЕ, токму ова го смета за дијалог и чекор напред на земјава.
Миле А. Ристески
