Нови локални патишта во Демир Хисар
Средствата се обезбедени од заемот на светската и европската банка...

Демихисарската патна инфраструктура помодерна за уште два обновени локални патишта, со инвестицијата од околу 24 милиони денари. Средствата се обезбедени од заемот на светската и европската банка. Нови асфалтни слоеви добија патниот правец село Стругово- село Загорицане долг еден и пол километар и два и пол километарската делница село Суводол – Манастир пресвета Богородица, кој за овој регион е значаен и од едн друг аспект.
„Нивото на животот се подига затоа што сега жителите од неколкуте населени места ќе имаат брза двонасочна комуникација“, рече градоначалникот Љупчо Блажевски.
„На нашата агенда се уште стотина локални патишта чија вкупна должина е над 200 километри, а вкупната инвестиција ќе изнесува околу 20 милиони евра“, рече директорот на претпријатието за државни патишта, Љупчо Горгиевски.
Овој владин заем се покажа како вистинска дијагноза за запоставенителокални патишта. Проектот целосно ќе се затвори идната година, а дотогаш ќе се работи на многу запуштени локални патни правци во замјата.
„Овој живописен крај со новиот пат е поблиску до развојот на манастирскиот и рекреативниот туризам“, рече Јосиф Ристевски жител на селото Суводол.
За некого вкупната должина на прв поглед не значи ништо посебно, но за локалната самоуправа тоа е решавање на еден голем проблем кој со години го чувствуваат жителите на овие села.
Инаку од планираните девет, досега во општина Демир Хисар обновени се осум локални патишта. Во текот на овва година се очекува да биде готов патниот правец до село Брезово.
Стевче Митревски
