Измените на Законот за медицински студии го мина првиот собраниски филтер

13.02.2014 14:27

Министерот за здравство Никола Тодоров го прифати амандманот да им бидат платени патните трошоци за едукација...

Дообразувањето на матичните лекари, на лекарите од Итната медицинска служба и домашната посета, ќе биде законска обврска, а доколку не ја исполнат, ќе бидат казнети. На предлогот на опозицијата и на Лекарската комора се ублажува казната, наместо 20 % од годишната капитација, како што беше предложено од Министерството за здравство, да им се одземе 20%, но само еднократно.
 
Останува и казната ако две години последователно лекарот не посетува едукација според годишниот план на Министерството и не го положи  тестот од обуката, да се исклучи една година од здравствената мрежа, за што најмногу реагираше опозицијата, сметајќи дека казната е ригорозна. Министерот за здравство Никола Тодоров го прифати амандманот да им бидат платени патните трошоци за едукација.
 
Соња Стојановска