Спортски игралишта во струшките Октиси и Лабуништа

13.02.2014 14:35

Министерот за образование ја истакна потребата од неопходноста за создавање услови за нормално одвивање на образовниот процес...

Министерот за образование Спиро Ристовски во рамките на неговата обиколка во дел од училиштата во општина Струга, ја истакна потребата од неопходноста за создавање услови за нормално одвивање на образовниот процес.
Во Октиси ќе почне реконструкција на игралиштето во ова училиште.

„Тука сме да го означиме стартот на реализацијата на повеќе проекти кои се од големо значење за граѓаните во овој регион. Денес сме во Октиси и Лабуништа да го означиме почетокот на овие две игралишта. Во Октиси и Лабуништа ќе се гради игралиште во ОУ „Единство“ кое при посетата со претседателот на Владата на Република Македонија  ја имавме претходно најавено“, изјави министерот за образование Спиро Ристовски. 

Во реконструкцијата на спортските објекти во струшко се вклучи и Агенцијата за млади и спорт.

„Ќе направиме целосна адаптација и санација на уште едно спортско игралиште. Тука не застануваме денеска ќе ставиме и камен темелник на уште едно спортско игралиште во село Лабуништа“, вели директорот на агенцијата за млади и спорт Марјан Спасевски.

Од Министерството за образование и агенцијата за млади и спорт најавуваат реконструкција и изградба на повеќе спортски објекти во струшкиот регион.

Јованчо Наумоски