Насилник демолирал простории на УЈП во Струга
13.02.2014 14:41
Даночен обврзник кој имал неподмирен долг по основ на радиодифузна такса и истиот бил блокиран од страна на УЈП, извршил демолирање на просториите...

Денеска во Управата за јавни приходи во Струга, даночен обврзник кој имал неподмирен долг по основ на радиодифузна такса и истиот бил блокиран од страна на УЈП, извршил демолирање на просториите.
„Во утринските часови некаде околу 9 часот и 15 минути е извршено демолирање на даночен обврзник во просториите на УЈП Струга. Сторителот ги искршил стаклата во ходниците и дел од внатрешните простории во УЈП“, изјавија од УЈП Струга.
Како што информираат од УЈП во Струга, дел од вработените се обиделе да го спречат даночниот обврзник.
„Од страна на вработените лица во УЈП беше направен обид да се спречи во неговата намера но сето тоа беше без успешно. Потоа беа повикани органите од струшката полиција од чија страна даночниот обврзник беше приведен“, изјави Оливера Далческа од УЈП Струга.
Како што не информираа одтаму ова е втор случај на насилно однесување на даночен обврзник за неподмирен долг по основ на расиодифузна такса. Првиот случај бил регистриран минатата година во Куманово.
Јованчо Наумоски
