Кражба во Гостивар, кривична за измама во Тетово
Вчера во полициската станица „Галате“, гостиварско, е пријавено дека непознат сторител извршил тешка кражба во куќата на жител, кој е на привремена работа во Италија, при што било украден златен накит во вредност од околу 8 илјади евра. МВР презема мерки за откривање на сторителот.

СВР Тетово, пак, поднесе кривична пријава против Тетовчанец поради „измама“. Лани, пријавениот измамил две лица, ветувајќи дека ќе им помогне при ослободување од затвор од Германија на нивниот татко и сопруг, за што лицата наседнале и му дале златен накит во вредност од 12 илјади евра.