Македонија- прва земја во Европа со мрежа комплетно базирана на Интернет протокол
Македонски телеком инвестираше 13 милиони евра за мигрирање на сите корисници...

Македонија е прва земја во Европа со мрежа комплетно базирана на интернет протокол (ИП). Услуги со повисок квалитет и пристап до интернет по нарачка ќе овозможи целосната интеграција на мобилните комуникации со фискната мрежна технологија.
Македонски телеком инвестираше 13 милиони евра за мигрирање на сите корисници. До 2018-та година Дојче Телеком планира да воспостави интегрирана Паневропска ИП мрежа.
„Резултатот е значително намалено време на пласирање на производите од една до две години, на две недели, некогаш и неколку дена, а исто така и значително намалување на трошоците. Во Македонија заштедуваме 10 евра по корисник годишно. Главната заштеда всушност произлегува од енергетските заштеди бидејќи ги елиминиравме сите подвижни елементи, исто така намалено плаќање кон нашите добавувачи, а исто така заштедуваме и трошоци за персонал за одредени технички услиги“, рече Клаудија Немат, член на Одборот на Дојче Телеком за Европа и технологија.
Андреас Маиерхофер, главен извршен директор на Македонски Телеком, истакна дека преку новата ИП платформа, буквално секој нивен корисник ќе може да ги користи услугите на новата генерација, брзо, квалитетно и ефикасно.
