Ховит:Македонците не се граѓани од втор ред

13.02.2014 16:29

Известувачот за Македонија во Европарламентот посакува да се најде решение за името и смета дека прашањето може да се реши и покрај актуелната атмосфера во Македонија и Грција...

Не знам каква ќе биде иднината на Европската Унија, но, ве уверувам дека нема да сте граѓани од втор ред – известувачот за Македонија во Европарламентот, Ричард Ховит одговараше на прашања на студентите од неколку универзитети во земјава.  Вели дека има притисоци ова општество да ги направи потребните промени за да се овозможи земјата да стане полноправна членка на унијата. Тој посакува да се најде решение за името и смета дека  прашањето може да се реши и покрај актуелната атмосфера во Македонија и Грција.
 
„Важно е оваа земја да постигне напредок, пред се политички дијалог со другите влади на ЕУ вклучително и соседните влади. Се надевам дека посетата на грчкиот министер за надворешни работи е голема шанса во обид да се постигне некаков напредок. Но има многу прашања кои се во контрола на организациите на оваа земја и на граѓаните. И доколку оваа земја постигне напредок тој ќе биде уште по видлив надвор од неа“, рече Ховит.
 
Ховит беше на средба со вицепремиерот за Европски прашања Бесими. Имаше состанок и со лидерот на ДУИ. Известувачот  со апел до политичарите - да се содаде атмосфера од која ќе произлезе  успешна посета на Венизелос на Македонија. Ахмети рекол дека ќе се направат заеднички напори со Вашингтон и Брисел за решавање на спорот со името. Го повторил ставот дека не отстапува од идејата за консензуален претседател.
 
Миле А. Ристески