Политички контекст на аферата „ПАРКИНГ“

13.02.2014 17:19

Фирмата на Манчевски што го добила паркинг-бизнисот во Куманово не исполнува ниту еден од условите објавени на тендерот, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ што според нив дава уште поскандалозни размери на корупциката афера во која е инволвиран вториот човек на СДСМ.

Во огласот се бара фирмата во последните три години да оствари обрт од најмалку 15 милиони денари годишно и да врши паркинг-услуги  во најмалку 5 града. Фирмата на Манчевски не ги исполнува овие критериуми, тврди Илија Димовски повикувајќи се на соодветна документација.

Ако фирмата Метропаркингплус ДОО Скопје учествувала сама во оваа набавка или пак со фирмата Т – Тим Плус ДОО Скопје, како што и го имаат потпишано договорот од 28.02.2011 година, никогаш немало да се квалификуваат, а не па да работат по овој тендер.Што направиле? Доставиле понуда во која носител е фирмата Метропаркинг ДОО Белград, а во понудата фигурираат уште шест други фирми, со цел да ги исполнат критериумите на огласот, рече Димовски на прес конференција.

Манчевски со тврдење дека нема ништо незаконски.

 Ова е одлуката  на нивната Државна комисија по жалби за јавни набавкипри Владата на ДПМНЕ, која токму на основа на се што денес зборува Димовски, одлучи дека изборот за најповолен понудувач и тендерската постапка се целосно законски. Се е согласно законот и нема никаков скандал, рече Манчевски

Манчевски најави тужба , но таа се уште не е поднесена. Од ВМРО-ДПМНЕ побараа Манчевски да одговори на поставените прашања. Пред неколку дена обелоденија дека фирма во која Манчевски бил еден од основачите добила паркинг-бизнис вреден близу 400 илјади евра во општина со која раководи градоначалник на СДСМ.

Наташа Гркова- Петрушевска