За пропуст-отказ поради парцелата кај Народна Банка
Агенцијата за катастар на недвижности информира дека за направениот пропуст во врска со парцела спроти НБРМ беше поведена дисциплинска постапка против петмина државни службеници на кои им изречена дисциплинска мерка – престанок на вработувањето.

По спроведената дисциплинска постапка, согласно Законот за државните службеници, дисциплинската комисија утврдила дека петте државни службеници сториле престап, со неизвршување, односно несовесно и небрежно вршење на службената должност, како и давање на неточни податоци на државните органи, со што била предизвикана потешка значителна повреда на службената должност и угледот на службата, односно на Агенцијата за катастар на недвижности.