Телеком: 13 милиони евра за нова мрежна технологија

13.02.2014 18:29

Со новата мрежа базирана на интернет технологија секој корисник ке има пристап до услугите со висок аудио квалитет, он лајн нарачка на интернет со голема брзина , богато портфолио на мултимедијални производи ....

Македонскиот Tелеком ги префрли сите корисници на новата мрежна технологија. Инвестираше 13 милиони евра .
,,За 25 месеци ги мигриравме сите 290 илјади корисници. Сите тие буквално  ќе добијат услуги од новата генерација многу брзо и ефикасно. – нагласи Анреас Мајерхофер – извршен директор на Македонски Телеком.
Македонија е прва земја во Европа која ќе има мрежа целосно базирана на интернет протокол. Дојче Телеком до 2018- тата најавува Паневропска „ај пи“ мрежа во сите земји во кои инвестира што ќе обезбеди  унифицирани услуги и тарифи. 
,,PSTN технологијата ќе воведе  нови производи и услуги на пазарот и ќе се одвива многу побрзо од претходно, а ќе се овозможи и одличен аудио квалитет при разговор, пристап до различни услуги преку само еден уред, побогато портфолио на мултимедијални, конвергирани услуги, широкопојасен интернет,, - вели Клаудија Немат од „Дојче Телеком“. 
Новата технологија во целост ги замени дигиталните централи, ги интрегрираше во една мрежа мобилните комуникации со фиксната мрежна технологии. Покрај широкопојасен интернет за секој корисник обезбедува и итна „ај ти“ подршка преку далечински пристап до бизнис корисниците.