Закројување лозови насади по повод Св Трифун
14.02.2014 09:07
Денеска во неколку градови и места низ државата ќе се изврши закројување на лозовите насади...

Денеска во неколку градови и места низ државата ќе се изврши закројување на лозовите насади по повод празникот Св.Трифун.
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески ќе присуствува на свеченото закројување лози во Неготино.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и министерот за земјоделство на Хрватска, Тихомир Јаковина, пак, по повод Денот на лозарите ќе присуствуваат на традиционалното закројување лозови насади на винаријата „Визба Валандово“-Валандово и на винаријата „Тиквеш“-локалитет Лепово.
