Грипот ја зеде и четвртата жртва

14.02.2014 10:10

Повеќе детали од клиниката ќе соопштат на прес-конференцијата закажана за 11 часот денеска...

Уште едно лице почина од грип, потврудваат од Клиниката за инфективни болести во Скопје за МРТ. Ова е четврт смртен случај поврзан со инфекција со вирусот на грип оваа сезона. Повеќе детали од клиниката ќе соопштат на прес-конференцијата закажана за 11 часот денеска.

Бројките на Институтот за јавно здравје велат дека од почетокот на сезоната 2013/2014 година од грип заболеле вкупно 10.934 лица, а само во последната недела се пријавени нови 3.156 грипосани лица.

Тоа е за речиси 30 % повеќе отколку во истиот период лани, кога имало 2.434 заболени. Најголем број заболени (1.973) се регистрирани во Kавадарци. Најмногу болни (7.096) се на возраст од 15 до 64 години.