Унгарците во САД за приемот на Македонија во НАТО
14.02.2014 10:17
Унгарско- американската коалиција - организација која ги застапува Унгарците што живеат во САД, упати повик со поддршка за приемот на Македонија во НАТО...

Во пресрет на самитот на НАТО во септември во Велика Британија, унгарско- американската коалиција - организација која ги застапува Унгарците што живеат во САД, упати повик со поддршка за приемот на Македонија во НАТО.
-Го поздравуваме писмото упатено до секретарот Џон Кери со кое членови на Конгресот на САД ја изразија својата поддршка за проширување на НАТО. Натамошното проширување на Алијансата секогаш беше значајна цел, особено за приемот на Македонија и Црна Гора. Ние постојано ја поддржуваме работата на Коалицијата за централна и источна Европа и на Обединетата македонска дијаспора и нивните напори за членство во НАТО. Важно е да се потсетиме на првичните иницијативи за засилување на Алијансата и за ширење на зоната на безбедност во Европа. Сметаме дека проширувањето на НАТО е критично за идната релевантност и виталност на Алијансата, пишува во барањето на Унгарците од САД.
Лидија Чакар
