Кој ја ограби поштата во Катлановo?
14.02.2014 10:29
Парите од поштенската каса ги зела 63 годишната вработена. Таа два пати лажно пријавила дека вооружени напаѓачи со закани и ги одзеле парите...

Поштата во Катланово не е ограбена од разбојник. Парите од поштенската каса ги зела 63 годишната вработена. Таа два пати лажно пријавила дека вооружени напаѓачи со закани и ги одзеле парите, информираат од МВР.
Пред полицијата прво давала описи на разбојник, а подоцна признла дека немало грабеж, ниту пак влегол некој, туку дека сама ги земала парите. Од двата наводни грабежи ја олеснала поштенската каса за околу 730 илјади денари.
Жената заработи кривична пријава за лажно пријавување. Но, полека се расплеткува клопчето, таа оставила и дуруги сомнежи кај полицијата. Се проверува колку таа успеала да украде и надвор од поштата.
