55-годишник од Скопје е четвртата жртва на грипот

14.02.2014 11:14

На клиниката има уште 6 тешки случаи, а еден е вклучен на респиратор...

Грипот ја зеде и четвртата жртва сезонава. Вчера почина 55 годишен пациент од Скопје, поради компликации со цироза на црниот дроб.

На Инфективната клиника бил хоспитализиран 20 дена. На клиниката има уште 6 тешки случаи, а еден е вклучен на респиратор. Од 110 пациенти повеќе од половината се болни од грип, а меѓу нив има деца и трудници.

Само последнава недела се регистрирани 3. 156 заболени, што според Институтот на јавно здравје е зголемување за 34 %.

Сепак, бројот на заболените е во благо опаѓање, велат од Институтот.

 

Соња Стојановска