Европските социјалдемократи и социјалисти на конференција во Скопје

14.02.2014 12:13

Воведно обраќање на конференцијата имаа Јоханес Свобода, предводник на Групата на социјалистите и социјалдемократите во Европарламентот и Зоран Заев, претседател на СДСМ...

Конференција на тема „Демократија, владеење на правото и слобода на медиумите-клучни критериуми во напредокот на Европската унија“ се одржа денеска во Скопје, во рамките на редовниот годишен состанок посветен на Западниот Балкан на Групата на прогресивната алијанса на социјалдемократите и социјалистите во Европскиот парламент.

Воведно обраќање на конференцијата имаа Јоханес Свобода, предводник на Групата на социјалистите и социјалдемократите во Европарламентот и Зоран Заев, претседател на СДСМ. А учествуваа и  Ричард Ховит, известувачот за Република Македонија во Европскиот парламент,  Кинга Гонч, европратеник од Групата на социјалистите и демократите и поранешен министер за надворешни работи на Унгарија, Кнут Флекенштајн, европратеник од Германија и евроамбасадорот во земјава Аиво Орав, како и претставници на социјалдемократските и социјалистичките партии од Западен Балкан.