Соработката меѓу Македонија и Турција- пример за регионот

14.02.2014 12:24

Турција е првата земја која упати воено аташе во Република Македонија, како и првата земја која потпиша Спогодба за соработка со Република Македонија...

„Односите помеѓу Македонија и Турција треба да бидат пример за соработка помеѓу земјите од регионот, а тоа е единствениот начин за сочувување на регионалниот мир и безбедност, и за развој демократијата во овој дел од Европа“, истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, на денешната средба со делегацијата од Генералштабот на турските оружени сили која е во неколкудневна посета на Република Македонија. 
 
Делегацијата од Република Турција, чиј дел се и неколку генерали од турските оружени сили се сретнаа и со началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, а на брифинг имаа можност да се запознаат и со реформските зафати и процесот на трансформација на Армијата на Република Македонија, како и со стратегиските планови за членство во НАТО.
 
Утре делегацијата ќе ја посети и спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк во Битола.
 
Турција е првата земја која упати воено аташе во Република Македонија, како и првата земја која потпиша Спогодба за соработка со Република Македонија. Дополнително, Република Турција е најголемиот донатор за Армијата на Република Македонија.