Генетската храна на македонските граници
Оваа генетски модифицирана пченка би била првата генетски модифицирана култура одобрена за одгледување во последните 15 години и втора која комерцијално би се одгледувала во Европа...

Зелената партија ДОМ е загрижена поради фактот дека Советот за општи работи на ЕУ дозволил одгледување на нов тип генетски модифицирана пченка ТЦ 1507. Одлуката била донесена наспроти спротивставувањата на 19 земји-членки на Унијата.
Оваа генетски модифицирана пченка би била првата генетски модифицирана култура одобрена за одгледување во последните 15 години и втора која комерцијално би се одгледувала во Европа.
Како земја со соседи-членки на ЕУ загрижени сме како ќе ја обезбедиме нашата земја од ширење на ГМО производи. Затоа ја поддржуваме борбата на Европските Зелени против ваквата одлука, смета оваа партија.
ДОМ ја повикува Владата да остане доследна на ставот да не се дозволи производство и дистрибуција на ГМО во Македонија, со што ќе се заштити животната средина и здравјето на граѓаните.
