Не престанува бранот илегалци кон ЕУ
14.02.2014 12:56
Завчера полицијата сопрела две возила со струмички регистарски таблички во кои се превезувале седум мигранти од Авганистан кај автобуската во Куманово...

Регионалниот центар за гранични работи – Север до Основното јавно обвинителство за организиран криминал поднесе кривична пријава три лица од Струмица, криумчарење мигранти. На пријавените им е одреден притвор од 30 дена.
Завчера полицијата сопрела две возила со струмички регистарски таблички во кои се превезувале седум мигранти од Авганистан кај автобуската во Куманово. Станува збор за организирана група која во повеќе наврати на точно определено место ги преземала мигрантите во близина на Ново Село, струмичко, поточно кај Смоларе, во непосредна близина на границата со Бугарија. Оттаму ги преземало лице по потекло од Авганистан а потоа илегалците биле транспортирани до Ваксинце и Лојане, кумановско, натаму преку Србија во земјите од ЕУ.
За извршување на овие дејствија транспортерите требало да добијат по 50 евра од мигрант. Седумтемина мигранти Авганистанци, веќе се сместени во прифатниот центар за странци.
