Во стан во Куманово ограбени сто илјади евра
14.02.2014 13:07
Според информации од СВР Куманово, непознат сторител употребил соодветен алат...

64-годишник од Куманово вчера пријавил во полиција кражба во неговиот стан на улица „Октомвриска Револуција“.
Според информации од СВР Куманово, непознат сторител употребил соодветен алат, провалил во станот и однел сеф во кој имало 30 илјади евра, златен накит и пиштол во вкупна вредност од околу 100 илјади евра. Полицијата трага по сторителот.
