ДИК бара уште 124 милиони денари за одржување на претседателските избори

14.02.2014 14:12

Вкупната сума со овие дополнителни средства ќе изнесува 245 милиони 430 илјади денари...

Државната изборна комисија (ДИК) на последната седница едногласно одлучи да побара дополнителни 124 милиони денари од владата за одржување на претседателските избори.

Вкупната сума со овие дополнителни средства ќе изнесува 245 милиони 430 илјади денари.  Со најголем дел од парите или 56% ќе се платат на партиите гласовите кои ги добиле на претседателските избори. Еден глас чини 13 денари.

Инаку усвоен е и правилникот за постапување на полицијата за време на изборите. Тој претрпе мали корекции, а се состојат во тоа што полицајците пред избирачките места треба да се во униформа и не треба да дозволуваат задржување на неовластени лица на местата каде се гласа.

Членовите на ДИК едногласни дека така ќе има поголем проток на гласачи, без влијанија и притисоци, во фер и демократска атмосфера.