Таблет уреди за кандидатите за полициски службеници

14.02.2014 14:42

Идните полициски службеници ќе користат современи технички средства...

Во полицискиот центар Идризово претставени се 440 кандидати за полициски службеници кои ги минаа филтрите и ја почнуваат 12- месечната обука.

Новина е што овие кандидати ќе користат современи технички средства, образованието ќе биде во електронска форма, а секој од нив ќе поседува и таблет. Затоа, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, пред полицискиот врв и кандидатите побара да се оправдат и надминат сите критериуми за нивно вработување.

Јанкулоска исто така информираше дека е огромен интересот за 12-те полициски пилоти на хеликоптери. Досега се пријавени дури 297 кандидати. 

 

Наташа Гркова- Петрушевска