Лажен шампон ќе донесел добивка од 200 илјади евра

14.02.2014 15:02

Стоката по потекло од Кипар, е претоварена во камионот во пристаништето во Атина за да биде транспортирана до Виена, од каде требало да биде дистрибуирана на западноевропскиот пазар...

Вчера на граничниот премин Богордица за транзит низ Република Македонија во товарно моторно возило со унгарски регистарски ознаки се откриени и запленети 1,700 кутии со небрендирани  шампони за коса, тешки 24 тони.

Стоката по потекло од Кипар, е претоварена во камионот во пристаништето во Атина за да биде транспортирана до Виена, од каде требало да биде дистрибуирана на западноевропскиот пазар.  Доколку стоката би се продавала како оригинал, нејзината вредност би изнесувала повеќе од 200 илјади евра, велатво македонската Царина. Застапникот на марката шампони во земјава го потврдил сомневањето на цариниците за фалсификуваната стока.

Оваа заплена претставува една од најголемите царински акции во изминатите години во регионот.