Средба на министерот Никола Попоски со европратениците Ричард Ховит и Ханес Свобода
14.02.2014 15:18
Министерот за надворешни работи Никола Попоски ги прими европратениците од групата на социјалистите и демократите во Европскиот парламент австриецот Ханес Свобода, и претседател на Групата и известителот за Македонија британецот Ричард Ховит соопштија од МНР.

Разговарале за неколку поважни актуелни прашања поврзани со европската агенда на Република Македонија. Ховит и Свобода ја реафирмирале поддршката на групата на социјалистите и демократите во Европскиот парламент, за почеток на пристапните преговори со Република Македонија. Во контекст на следните европски избори, изразиле уверување дека новиот состав на Европарламентот ќе го одржи континуитетот на подршката за процесот на пристапување на Македонија во ЕУ.
Министерот Попоски ја истакнал важноста на поддршката на Европскиот парламент во европскиот интегративен процес, артикулирана во последната Резолуција за Република Македонија. Тој информирал и за напредокот во реформите во клучните области, со посебен акцент на имплементацијата на обврските од политичкиот договор од 1 март лани, реформите во судството, јавната администрација и медиумите. Шефот на дипломатијата ги запознал Европарламентарците и со активностите кои се преземаат за натамошно унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка.
Лидија Чакар