По скоро две декади грчки политичар во Македонија

14.02.2014 15:49

Грчкиот шеф на дипломатијата Евангелос Венизелос во четврток 20 февруари доаѓа во Македонија, во својство на претседавач со ЕУ, а во рамки на Балканската турнеја.

Венизелос ќе биде примен од Претседателот на Република Македонија  Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски, Вицепремиерот Фатмир Бесими, шефот на дипломатијата Никола Попоски. Грчкиот министер ќе се сретне и со  Лидерите  на ДУИ Али Ахмети и на СДСМ  Зоран Заев.

Балканската турнеја на Венизелос почнува во вторник со посетата на Србија.Оттаму тој патува за Црна Гора, од каде пак заминува за Сараево. Од Босанската престолнина заминува за Косово од каде ќе допатува во Скопје. Тирана е последната дестинација од Балканската турнеја на Венизелос.

Инаку ова е прва посета на Македонија на грчки политичар по скоро две децении.

Лидија Чакар