6 месеци 33 пратеници воопшто не говореле во Собрание
Речиси една четвртина од пратениците од јули додекa минататагодина воопшто не излегле на собраниската говорница.

Најмногу оправдани отсуства од пленарките имаат 7 народни избраници. Предничи Фијат Цаноски,а по него се Али Ахмети,Тито Петковски и Мендух Тачи.6-мина, пак, воопшто не отсуствувале од работата на законодавниот дом. Меѓу нив се спикерот Вељаноски, потпретседателката на Собранието Јакимовска и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева.Најажурни биле уште тројца пратеници од владејачката партија.Граѓаните ги избираат за да ги претставуваат нивните интереси, па затоа присуството на пратениците треба да им биде основната цел,вели универзитетскиот професор Гордана Силјановска.Во западно европските земји отсуството се казнува од гласачите.
,,Во нашиот Парламент се случува лидери на партии да не проговорат или да се појават.Да се случи такво нешто во Западна Европа,јавноста ќе изврши притисок врз таквите лидери бидејќи тие треба да ги претставуваат граѓаните во институциите.Тогаш,зошто да одат на избори ако најпретстижната демократска школа на некој начин ја потценуваат,, вели универзитетскиот професор Гордана Силјановска.
Приматот во поднесувањето закони го имал и бералот Ивон Величковски. Од власта за 6 месеци поднесле против предлог-закони.Со најмногу поставени пратенички прашања сеГоран Сугаревски од СДСМ и Јордан Пачков од ВМРО-ДПМНЕ.Весна Бендевска, пак, има поднесено најмногу амандмани-240.Со најголем број дискусии од говорницата се пратениците од опозицијата.Пратеничката група на ДПА има најмногу процедурални забелешки. Во репликите и контрарепликите предничат социјадемократот МарјанчоНиколов и Илија Димовскиод ВМРО-ДПМНЕ.Во овој 6-месечен период има помалку отсуства од претходните и тоа се толкува со фактот што скоро беа завршени локалните избори. На 10 пленарки се донесени 190 закони,најмногу од економската сфера.
Милчо Велески
