Глоби до 6.000 евра за депониите ако не ги почитуваат инспекториските решенија

14.02.2014 16:01

Оградени – да не дозволуваат пристап на надворешни лица, да имаат електрична енергија, видео надзор и евиденција на отпадот...

Шеесетина депонии на кои Јавните Комунални претпријатија го одлагаат сметот, мора да ги исполнуваат минималните стандарди за заштита на животната средина. Оградени – да не дозволуваат пристап на надворешни лица, да имаат електрична енергија, видео надзор и евиденција на отпадот. Имаат законска обврска да обезбедат и вода, да не дозволат камионите да ја напупуштат депонијата пред да бидат измиени. 
 
Годишните извештаи за работењето мора да ги достават до Општината која ке реферира пред Министерството. Казните се и до 6 илјади евра согласно Законот за заштита на животната средина. 
 
„По завршување на роковите дадени во решенијата, инспекторите ќе извршат контролни надзори за реализација на задолженијата и доколку не се исполенети во целост ќе се применат законски казнени одреби. Ако не се испочитуваат решенијата на инспекторите, согласно законската регулатива, глобата изнесува 6.000 евра за правното лице и 800 за одговорното лице“, вели Фирус Мемет, директор на Инсекторатот за Животна средина.
 
Согласно легислативата, Законот за управување со отпад и Законот за животната средина, прекршокот за непостапување по решение на Државен инспектор за животна средина изнесува 6.000 евра во денарска противвредност со порамнување во рок од 8 дена за правно лице и 800 евра во денарска против вредност со порамнување во рок од 8 дена за одговорно лице во правно лице.
 
Сузана Фиданска- Стоевска