Филмски грабеж во Куманово

14.02.2014 16:39

Непознати разбојници изнеле метален сеф со пари и злато во вредност од 100 илјади евра од стан на 64 годишен пензионер од Куманово.

Новчо С. во сефот во спалната соба ја чувал целата заштеда од печалбата во Франција , во станот доаѓал повремено , затоа што откако заминал во пензија живее во викендица во селото Младо Нагоричане.Добро упатените крадци, знаејќи дека во станот нема никој , со специјален алат ја отвориле влезната врата , го откорнале сефот од зад уметничка слика и побегнале.Крадците добро си го знаеле занаетот ,го обиле станот и заминале не забележани, велат соседите.

-Се краде и тоа најмногу во становите и куќите кога нема никој дома.Овде во зградите на „Октомвриска револуција“ слушам дека имаше многу обиди за кражби во последно време – вели еден кумановец, жител на булеварот. 

Станот на Новчо беше мета на кражба пред Нова година , тогаш разбојниците украле околу 10 илјади евра.

Оштетениот Кумановец не знаел кога точно се случил грабежот.Дури вчера кога дошол забележал дека е обиен станот , а металниот сеф го нема и тогаш случајот го пријавил во полиција. СВР Куманово се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Габриела Димковиќ